untitled
NEW! Upgrade to Pro Hosting and receive Ad-Free Webtools + More!

 

 

30.04.2009

 

насловна

биографија

книги

мултимедија

контакт

 

редакција:

хор „калистрат

зографски„

 

едиција:

„БЕСЕДИ ОД

КАЛИШТА„

 

Нови содржини

во мултимедија

кликни овде

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

- Беседа на Томина недела (26.04.2009)

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Источен Петок - Балаклија (24.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 


Воскресение Христово - Пасха, 2009 год.

 

Верувајќи во Воскресението Христово, веруваме и во постојаното, неиспрекинатото, обновување на човечкото достоинство.

- Денес се понижени и згазени: човечкиот морал, срамот и добрината.

- Верувајќи во Воскресението Христово, и во општото воскреснување на мртвите, веруваме во можноста од воскреснување на човечкиот морал, срамот и добрината.

 

- Денес можеби повеќе од кога и да е во историјата, верата и надежта во смислата на човечкиот живот се поколебани.

- Верувајќи во Воскресението Христово, и во општото воскреснување на мртвите, веруваме во неуништливоста на верата и надежта човечка, во непобедливоста на смислата на животот. Стануваме се посигурни, дека над планетарната конфузија, повторно, Умната сила торжествува.

 

- Во нашево време се тресат темелите на човечката култура и темнеат целите на човечкото творештво.

- Само оние кои веруваат во Христовото Воскресение и општото воскреснување на мртвите, го препознаваат неуништливиот корен на културата и непресушниот извор на човечкото творештво.

 

- Денес саможивоста се заканува да го уништи цветот на несебичната љубов. На нејзиниот оган се греат сите битија и сите созданиеја.

- Само Воскресението Христово и со него надежта во општото воскресение од мртвите, можат да ја обноват и ја обновуваат верата и верноста кон несебичната љубов. Само вератаво бесмртноста со својот пламен го спалува егоизмот како лажен принцип на животот, откривајќи ни, дека во саможртвената љубов спрема Бога и ближниот, вечниот собрат е излез и сапс од сите наши темнини и ќорсокаци.

 

- Со Воскресението Христово и општото воскресение на мртвите, загубените стекнуваат надеж, дека ќе се најдат, болните дека ќе оздрават, неутешните дека ќе се утешат, оние кои умираат, дека ќе воскреснат, мајките останати без деца дека, преградките ќе ги исполнат и вечно ќе се прегрнат со своите деца!

 

- Во нашево време се загрозени човечките односи, односите во некои народи, односите меѓу народите со презир и омраза. Старите расколи се продлабочуваат со нови рани, старите омрази раѓаат нови отровни плодови.

- Воскреснатиот Христос кој виси на Крстот со раширени раце сите и се, вечно прегрнал, ги повикува луѓето и народите на взаемно мирење и братско проштевање. Повик на проштевање, до сите за се, простување на сите до Крстот и простување на се - по силата на Воскресението ја грее душата и го обновува срцето со мир и радост. Сето тоа им го враќа Бога на луѓето еднаш засекогаш и луѓето кои взаемно си простуваат, едни со други во братска прегратка си восклукнуваат: Да си простиме едни со други заради Воскресението и сите да запееме со една уста и со едно срце:

 

Христос воскресна од мртвите,

со смрт смрта ја победи

и на оние во гробовите

живот им подари!

 

(Беседа изречена на Велигденскиот концерт на Хорот Калистрат Зографски на 02/05/2005 година)

 

 

 

 

 

 

 

- Беседа на Воскресение Христово - Пасха 2009 (19.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Воскресение Христово - Пасха 2009 (20.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Воскресение Христово - Пасха 2009 (21.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 


Беседи од изречени на Светата Литургија:

 

- Беседа на Велики Петок (17.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Велики Четврток - Христови страдања (читање на 12-те евангелија) (16.04.2009)

„... овој свет се определи за своето и своето секогаш го бара. Тоа што е негово, тоа што е на овој свет е разбојништвото. И овој свет секогаш се определувал, се определува и ќе се определува за разбојништвото. Се што мириса на Христа и неговата чистота не го трпи и го мрази...  А Христос го зеде крстот наш, гревот наш и смртта наша и тргна накај Голгота. На тој крст виси Христос и се што е негово. И тие распетија во историјата на човештвото секогаш одново се повторуваат, и на секој христолик и христообразен народ му се повторуваат. Та тие крстови, тој крст на страданието и нас православните Христијани во Македонија денеска ни се повторува. Зашто Православната Црква е мета на сите плукања и осуди. Нејзе и се одзема правото на веронаука, нејзе и се одзема правото да гради храмови таму каде што е долично, и чесно и достојно Таа и никој друг во оваа земја да ги гради... Православието стана предмет на потсмев и симбол за простота и заостанатост. Но тоа го кажуваат спомнатите „невладини„ - политички групации и дел од нашата заведена, заскитана интелигенција која што се срами не само од Христа и неговата вера туку од својот народ пред се. Господ да им е на помош. Господ да ги спаси. Зашто Тој се распиња на крст токму зарад таквити, за нив Милостивиот да ги спаси. А нас да ни ја умножи верата, да ни ја умножи духовната сила достојно и со духовна радост да го износиме Крстот на нашето спасение. Зашто без крстот, нема воскресение. Без смртта, нема живот драги мои. Тоа се конечните резултати на духовната математика... ”

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Велики Четврток - Света Литургија (16.04.2009)

 

Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 

- Беседа на Цветници - Света Литургија (12.04.2009)

 
Get this widget | Track details | eSnips Social DNA

 


ИЗБОР:

 

Свети Климент Охридски и неговата философија на животот –

квинтесенција на духовното битие на православниот македонски народ

 

          Во атмосфера на свечена радост и во амбиент на молитвено заедникување со Поетот ги созерцувам пораките на Светителот Климент од Охрид.

           За првиот автокефален епископ од словенско потекло, кој ја возглавувал архиепископската катедра во Охрид, нашата наука консензуално зборува како за единствена личност во нашата национална исторја. Но, не треба да се заборави синтагмата: Ниедно правило без исклучок. Сепак, заслугата на охридскиот Светител е сестрана. Блескотната претстава за ликот на Светителот ја замаглуваат лажните интерпретации на псевдо-авторитетите во науката. А тоа се случува секогаш, кога универзалните вредности на делото на Свети Климент се напикуваат во претесните матрици на шовинизмот и локализмот. Повеќе е од јасен револтот на Свети Климент, несмртниот граѓанин не Вишниот Град Ерусалим, упатен кон редукторите на Православието до рамниште на атрибут на национализмот. Свети Климент е безостаточно втемелен во христијанската идеја за богоизбраноста на секој народ. Поради тоа, тој никогаш не може да биде злоупотребен од идеолозите на зоолошкиот патриотизам (Вл. С. Соловјев). Дефектното поимање на личноста на охридскиот Златоуст им се случува и на сите наши национални истражувачи кои го деградираат универзитетското ниво на Климентовата школа со тоа, што го спуштаат на ниво на провинцијална книжевна школа...

ПРЕГЛЕДАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

ПРЕСЛУШАЈ ГО ТЕКСТОТ ВО АУДИО ФОРМАТ (МРТВ):

http://www.esnips.com/web/dimitriksStuff

 

Пролегомена за истражувањето на

православната византиско-словенска култура на Македонија

 

...Културната зрелост и полнолетството на еден народ, па и на една цивилизација, се ценат според тоа колку сме свесни за минатото, поточно, колку сме собрани и мудри во своето памтење. Дали сме достојни на големото наследство? Дали градиме „на песок или „на камен”?

Македонскиот човек и македонската култура се пробудени од православното христијанство за историјата и времето, за да не им се случи да бидат заробени од времето и историјата, од самите себе си и од делата на рацете свои. А иконите Божји нека не ги претвораат во идоли. Без посредство на Крстот и неговата Тајна, односот спрема Вистината, Убавината и Достоинството, и воопшто спрема светот, повторно му се враќа на односот на паднатиот човек. Таквиот човек гради врз похотата на очите, похотата на телото и гордоста на животот, т.е. врз противприродните темели на човечкото историско и духовно постоење. Идолатризираниот човек, во името на светот, времето и историјата, или ги истиснува теофаниите од себе си и од својот историски живот, убивајќи ја во себе си потребата за нив и преку нив за Бога, или го создава Бога „според својот образ и подобие”, и по „образот” на променливото време, прилагодувајќи ја неизглаголивата светлина Божја кон својата минорност и минливите задоволства...

ПРЕГЛЕДАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

ОТПОР, ПОЕЗИЈА, СТРУГА[1]

Отпорот и поезијата - поетско освојување на

внатрешните духовни простори на човекот

 

Распишувањето на Референдум против новата територијална организација на општините е бесомнежно и со право топ тема во Република Македонија. Но и покрај тоа, уверен сум дека ниту една расправа за Струга не треба да ја одмине Повелбата на Кризниот штаб за спас на Струга. Тезите што се афирмирани во Повелбата не смеат да бидат релативизирани се додека не исчезнат причините поради кои таа е напишана како што е напишана. Тоа значи, дека и целта на документот останува жестоко актуелна: Струга да остане во рамките на сегашните општински граници. Треба да се спречи територијалната организација по етнички принцип.

            Пред се искајте го живиот светотроичен Бог и правдата негова, а потем се друго што ви треба ќе ви се даде. Струга во контекстот на Референдумот ќе го добие вториот дел од мислата запишана во Евангелието. Бидејќи Повелбата на Кризниот штаб до крај го исполнува незалезниот закон за љубовта кон ближниот, таа го исполнува првиот дел од евангелската мисла. Во Повелбата недвосмислено е кажано, дека меѓу Македонците и Албанците Стружани нема недоразбирања. Тоа значи, дека Стружани целосно застанаа зад принципите на кохабитација, мултиетничност, мултиконфесионалност и мултикултурност прокламирани во повелбите за правата и слободите на човекот на Обединетите Нации и Советот на Европа. Тоа ќе го потврдиме со уште еден значаен факт. Македонците во Струга не шират албанофобски идеи, а Албанците не предизвикале ниту еден инцидент. Стружани имаат проблем со институциите на централната цивилна власт на Р. Македонија: Претседателот на државвата; Премиерот и Владата на Р. Македонија; Претседателот и еден дел од Парламентот на Р. Македонија. Неделото на институциите на централната цивилна власт кон Струга е олицетворено во подмолно подметнатиот Закон за нова територијална организација во Законот за децентрализација на централната државна власт. Законот за децентрализација е бесомнежно прифатен од сите граѓани на Р. Македонија. Во Струга се случи отпор...

 


[1] Тркалезна маса одржана во Струга на 27. 08 . 2004 г.

ПРЕГЛЕДАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ

 

 

 

 

© Copyright Хор Калистрат Зографски


 
Web Hosting · Blog · Guestbooks · Message Forums · Mailing Lists
Easiest Website Builder ever! · Build your own toolbar · Free Talking Character · Audio, Fonts, Clipart
powered by a free webtools company bravenet.com